Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер Аспиликуета изјави дека му одговараат приказните за интерес на Барселона, но дека е среќен во Челси и дека нема намера да го менува клубот.
Овој фудбалер во Челси стигна во 2012-та година од Марсеј и од тогаш е незаменлив на крилните позиции во клубот.
Во последно време се зборува дека за него е заинтересирана Барселона.
„Моментално единствена вистина е дека мислам само на Челси и дека сум среќен тука. Овде сум 5 години и неодамна го продолжив договорот. Секако дека ми одговара интересот на Барселона, тоа значи дека играм добро.“
„Кога дојдов во Челси, моја цел беше да напредувам како фудбалер и како личност. Моменталниот план ми е да останам во Челси.“