„Многу лошо игравме!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Игуаин го водеше Јувентус до победа во Каљари.

Тој погоди 2 пати во победата од 2:0 и така со Џеко е прв стрелец во Серија А.

Иако Јувентус победи, Игуаин не е задоволен со тоа што се случуваше на теренот.

„Најважно е тоа што победивме. Многу е тежок овој натпревар. Игравме многу лошо во првото полувреме и моравме да се намачиме за победа.“

„Мораме да останеме мирни и да победуваме до крајот на сезоната. Сега ни следува подготовка за натпреварот со Палермо, а за Порто и ЛШ ќе размислуваме по натпреварот.“

Јуве во моментов е прв на табелата со 7 бодови повеќе од Рома и 9 од Наполи.