„Многу сум задоволен со Ибрахимовиќ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во средата на гостување славеа против Кристал Палас со 2:1, а стрелец на победничкиот гол беше Златан Ибрахимовиќ.

Тренерот на Црвените ѓаволи Жозе Мурињо беше многу задоволен после мечот и го пофали шведскиот напаѓач и се тоа што тој го прави во оваа сезона.

„Знаев дека може да го работи тоа што го работи поради неговите страсти за фудбалот. Му реков дека Англија не е баш најдобра земја за празници ако сте фудбалер.

Кога богат човек со одлична кариера сака да ужива во празниците, тогаш да не доаѓа во Англија.

Во Англија се доаѓа ако сакате да играте во најсилната лига на светот и да ги покажете своите способности.

Значи, неговата одлука да дојде овде е базирана токму на докажување и многу е среќен бидејќи не е се во головите. Неговото лидерство, мотивација, многу сум среќен…“, рече Жозе.

Да потсетиме дека Златан со голот во средата за него ова беше деветти гол во оваа сезона во Премиерлигата.