Модриќ ги воодушеви навивачите од цел свет со неговата скромност (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На гала-церемонијата на ФИФА во Лондон беше избран Лука Модриќ за најдобар играч во светот, а денеска Хрватот е повторно во центар на внимание.

Додека познатите фудбалери во денешно време ги имаат најновите модели на автомобили, телефони и многу други работи. Модриќ дефинитивно не е во нивната категорија и може да се забележи дека е навистина скромен.

Во странските медиуми се појави детал од доделувањето на наградата на ФИФА, а може да се забележи како Модриќ разговора на мобилен телефон Ајфон 5С, иако веќе има неколку понови генерации од истиот.

Фотографијата ги воодушеви сите навивачи, а доколку се доделува награда за скромност нејзе дефинитивно би ја освоил Модриќ.