„Модриќ е најдобар играч за врска!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ е најдобар играч за врска, барем така смета неговиот поранешен соиграч Дарио Срна.

Модриќ освојуваше и две ЛШ, две светски клупски првенства и куп на „кралот“, покрај сите индивидуални награди кои ги доби откако стигна во Шпанија во 2012 година.

Овој 32-годишен фудбалер го продолжи договорот со Реал до 2020 година и беше поставен во тимот на ФИФпро за 2016 година.

Поранешниот капитен на Хрватска, кој се прости од репрезентацијата по ЕП 2016, смета дека Модриќ е најдобар на неговат апозиција.

„Модриќ моментално е најдобар играч за врска во светот. Немам дилема кога станува збор за тоа. Не реков дека е еден од најдобрите, туку дека е најдобар. Лука многу напредуваше со текот на годините.“