Модриќ им стави крај на сите шпекулации: Останува во Реал до 2021. година…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на светот во избор на ФИФА и УЕФА, Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид до летото 2021. година, пренесува Марка.

Двете страни направи договор според кој, Хрватот стави точка на шпекулациите околи заминувањето од Реал, пред се во Интер.

Модриќ, на основа на новата соработка ќе остане во редовите на актуелниот европски шампион до својата 36. година, и планот е на „Сантијаго Бернабеу“ да ја заврши кариерата.

Модриќ неколкупати јавно изрази незадоволство бидејќи не му е понуден нов договот, клубот летово го одби Интер каде Модриќ сакаше да замине, но сега е одлучено да биде награден.

Капитенот на хрватската репрезентација, кој ја предводеше до второто место на Мундијалот во Русија, од пристигнувањето во Реал од Тотенхем во 2012. година, даде голем допринос во освојувањето на дури четирите трофеи во рамки на Лигата на шампионите.