Модриќ откри неверојатна тајна на Перез: Реал тргнува во голема акција!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По гостувањето на Барселона кај Виљареал, ситуацијата со Ракитиќ се искомплицира премногу. Хрватот не беше ниту на клупата, а тоа започна шпекулации дека имало проблеми со Енрике и управата.

По се изгледа дека приказната е поврзана со преговорите за продолжување на договорот, кој бара зголемување на платата, а тоа очигледно не им се допаѓа на членовите на управата на Барселона.

Лоши игри на „Ноу Камп“

Откако испадна од првиот состав, не може да бара зголемување на плата. Се знае дека Барселона има проблеми со финансии, дека одамна го премина лимитот во буџетот на тимот, а откако Нејмар и Суарез добија зголемување и откако Меси доби рекорден договор, прашање е колку ќе остане за другите.

Најверојатно ќе останат пари за зголемување на договорот на Иниеста, но не се знае дали ќе има нешто и за другите.

Премногу работи се совпаѓаат, за се да биде случајно. Јасно е дека Ракитиќ испадна од првиот тим на почетокот на преговорите за нов договор, а ова не е непознато за Барселона која нешто слично направи со Шустер, Роналдо, Фиго, па и Роналдињо.

Модриќ го поврзува со Реал

Исто така, се зборува и за исфрлањето на Ракитиќ од тимот поради неговата јавна пофалба на сметка на Гвардиола. Наводно, со тоа го налутил Енрике и повеќе не се во добри односи.

Исто така, не е непознато дека Реал Мадрид ја следи целата ситуација околу договорот на Ракитиќ. Медиумите дознаваат дека Модриќ и Ракитиќ размениле мислења и дека Модриќ им пренел дојава на Реал. Да не се разбереме погрешно, Ракитиќ сака да остане во тимот, но не по секоја цена.

Реал ја чека својата шанса

Во Реал наводно се многу заинтересирани. Во Мадрид ги почитуваат квалитетите на Ракитиќ и мислам дека совршено би се вклопил во тимот. Иако во Мадрид се свесни дека тешко ќе го реализираат овој трансфер, сепак ја следат ситуацијата.

Трансфери од едниот во другиот клуб се реткост, но Перез има искуство со тоа кога го донесе Фиго.

Би била тоа спектакуларн аакција која би му осигурала победа на претседателските избори во Реал и влегување во легендите.

Перез многу добро знае дека нема ништо послатко од земање играч на Барселона.