Модриќ призна: Атмосферата во соблекувалната не е најдобра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ја продолжи кризата во која се наоѓа, откако загуби од ЦСКА во Москва со 1-0.

Тоа значи дека „кралевите“ сега немаат победа на последните три натпревари, а тоа ја расипа атмосферата во тимот.

На таа тема реши да се огласи и Лука Модриќ, кој призна дека ситуацијата не е најдобра.

„Очајни сме, едноставно не очекувавме да изгубиме бодови. Во овој момент не е добра атмосферата во соблекувалната“, кажа Модриќ.

Хрватот влезе во игра во 58. минута против ЦСКА, иако не беше планирано да игра на натпреварот.

„Тренерот ми кажа дека ми е потребен одмор, но ситуацијата беше таква што морав да влезам во игра“, објасни Модриќ.