Модриќ се обложил на Роналдо и изгубил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ откри дека никој во соблекувалната на Реал не верувал дека Роналдо ќе го напушти клубот.

„Така беше и минатите години, па остана. Навистина никој не мислеше сериозно дека Кристијано ќе не напушти“, изјави Модриќ.

„Дури се обложувавме во соблеувалната со оние кои се сомневаа дека ќе си замине, го изгубивме облого. Многу играчи останаа во неверување откако премина во Јувентус“.

„На никој не му доаѓаше на памет дека Зидан ќе си замине. Тој е прекрасен човек и тренер, а сакав некогаш да бидам со него на терен, бидејќи за време на тренинзите понекогаш и играше со нас. Неверојатен е, се гледа дека е еден од најдобрите играчи на сите времиња“, додаде Модриќ.