Модриќ: Ќе играм за репрезентацијата се додека можам


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на светот порача дека ќе игра за својата репрезентација се додека може.

Откако Хрватска освои сребро на Мундијалот во Русија многу ѕвезди се повлекоа, но не и Модриќ кој порача дека сеуште има голем мотив кога го носи националниот дрес.

„Морам да бидам искрен, јас одлучив со срцето. Колку и да зборуваат другите дека ова беше идеален момент да се збогувам со репрезентацијата, јас не мислам така.

Среброто од Русија без оглед на тоа што ќе се случува во иднина, ништо не може да го смени. Уживам кога играм за мојата репрезентација и ќе бидам тука се додека можам”- порача
играчот за врска на Реал Мадрид.

Хрватска сега ја чекаат квалификации за ЕУРО, а на Модриќ и останатите фудбалери сега веројатно им останува само да направат некој голем успех и со тоа оваа успешна генерација би ставила шлаг на тортата.