„Моето останување во тимот не зависи од парите!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот напаѓач Хунтелар изјави дека неговото останување во Шалке не зависи од парите.

Тој веќе догло време преговара со управата на тимот, а Кристијан Хајдел тврди дека засега се е „фер и коректно“.

33-годишниот Хунтелар го изгуби местото во тимот, а сега прв напаѓач е Бургшталер кој на 8 одиграни натпревари постигна само еден гол.

„Се концентрирам само на крајот на сезоната со Шалке. Мојата одлука не зависи од пари, туку од времето поминато на теренот. Секогаш се чувствував убаво овде со семејството и ќе видиме и понатаму што ќе се случува.“