„Можеби и јас за крај ќе удрам некого како Зидан!“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неверојатната кариера на Буфон се ближи кон крајот, италијанскиот голман веќе 22 години е на професионалната сцена.

Кога ќе заигра на натпреварот на Италија, тој ќе стигне до 1000 натпревар во сениорската кариера.

Како тој го замислува простувањето од фудбалот? Тој има интересен одговор на тоа прашање.

„Мојот последен натпревар? Можеби ќе направам нешто слично како Зидан, ќе удрам со глава некого на теренот.“

„Но пред да размислам за крајот на кариерата, мораме да се пласираме на СП 2018.“

„Можеби мојот последен натпревар ќе биде на Мундијалот. И понатаму имам време да размислам за тоа.“

„1000 натпревари – тоа е големо задоволство, но можам да кажам дека тоа се само првите 1000!“