„Можеби му пречеше тој заб?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот бек на Бостон, Томас во првата ¼-на против Вашингтон остана без преден заб, но тоа не му пречеше да биде најдобар играч на својот тим.

Томас со лакт беше удрен од Портер, па мораше да си го бара забот по паркетот.

Бостон го победија Вашингтон со 123:111 во првиот натпревар од ½-финале на Истокот, а Томас постигна 33 поени и 9 асистенции.

Тренерот на тимот, Стивенс по натпреварот се пошегува на негова сметка.

„Тој и мојата 7-годишна ќерка се насмеаа еден на друг. Тој погоди тројка откако му испадна забот. Можеби тој заб му пречел? Сега ми е криво поради него, затоа што ќе мора да оди на сериозна операција на забар.“