„Можеби ќе ни биде полесно ако играше Агуеро“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо рече на новинарите дека е незадоволен затоа што ја има цела екипа на располање само на ден пред натпреварот со Сити.

„Антонио Валенсија, кој играше за Еквадор, стигна со лет преку Мадрид. На него му беше лесно, бидејќи врските со Лондон и Манчестер се добри, но Ромеро и Рохо мораа да патуваат преку целиот свет.

Играа во Венецуела, а потоа се вратија назад во Аргентина и дури од таму тргнаа кон Европа“.

Интересно е дека Серхио Ромеро и Маркус Рохо беа резерви во првите три кола, но ваквите изјави не би требало да чудат, со оглед на тоа дека Мурињо е познат како некој кој знае да го растовари на својата екипа притисокот.

Тој потоа се наврати кон градскиот ривал и почна да се жали на лукзузот кој го игра градскиот ривал(иако неговиот клуб во летото го направи најголемиот трансфер во историјата вреден 110 милиони евра).

„Манчестер Сити потроши пари на изнајмување на авион или можеби нивниот сопственик испрати едно од своите летала, со цел своите играчи (репрезентативци на Аргентина, Пабло Забалета и Николас Отаменди) да ги врати директно од Венецуела.

Нашите стигнаа дури утрово, а нивните вчера. Во овој момент ја имам цела екипа заедно, со тоа што се соочуваме со истите проблеми како и секој пат после репрезентативна пауза: еден ден ќе ни дојде еден играч, а следниот ден други“.

Португалскиот стручнак рече дека можеби ќе било полесно да ја припреми екипата кога би играл суспендираниот Серхио Агуеро.

„Кога Агуеро би играл ситуацијата за нас би била тешка. Поради тоа што не игра – е уште потешка.

Да можеше да биде на терен ќе можевме да знаеме што да очекуваме од Граѓаните, како ќе напаѓааат. Вака, имаат неверојатно богат играчки кадар. Можат да бираат меѓу Келечи Ихеначо, Рахим Стерлинг или Давид Силва да биде “лажна деветка“.

Гвардиола има доста можности. Генерално, Сити беше добар тим и во минатата сезона, минатите две, три сезони порано, четири сезони пред оваа. Можеби поради тоа што им стигнаа нови сопственици, па затоа имаат добар состав“, заклучи менаџерот на Манчестер Јунајтед.