Може ли Конте до рекорд?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челси има можност во оваа сезона да направи нешто што никогаш никој во историјата на Премиер лигата.

Само чудо може да ги спречи Сините од западен Лондон да им ја одземе титулата шампионската титула на Англија, но освен круна, имаат шанса да направат уште еден подвик.

За каков подвик се работи?

На пулените на Конте им останаа уште четири натпревари до крајот и доколку победат на сите четири ќе соборат рекорд по број на победи во една сезона во Премиер лигата.

Распоредот им е прилично лесен, барем на хартија.

На Челси на Стенфорд Бриџ доаѓаат Мидлзборо (вечерва 21 часот), Вотфорд (15 мај) и Сандерленд (21 мај), а гостуваат на Вест Бромвич Албион на „Хоуторнс“ (12 мај).

Во овој момент, Сините за титула им се доволни две победи бидејќи најблискиот конкурент Тотенхем има четири бода и натпревар повеќе.