Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен смета дека неговиот тим ќе биде конкурентен на Мерцедес во новата сезона во Ф1.
Ферстапен беше 5-ти на трката во Мелбурн додека неговиот колега Рикардо не го заврши настапот.
Пред него беа двата возачи на Мерцедес, но и двата возачи на Ферари.
„Не е драматично. Целта е секако да имаме подобар пласман, но освоивме бодови. Ќе напредуваме сигурно. Можностите се големи. Новите автомобили се забавни. Поради широките гуми, многу е потешко да се стигне болид ако изгубиш контрола. Но ако си на вистинско место, возењето е одлично.“
Наредната трка се вози во Шангај од 7 до 9 април за ГН на Кина.