Можно сценарио: Де Геа во Реал, Шмајхел во Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Сценарио кое би можело да се оствари, а воедно и да му се оствари сонот на Каспер Шмајхел. Ако Де Геа замине во Реал Мадрид, негова потенцијална замена би бил голманот на Лестер.

Самиот голман призна дека тоа би било остварување на сонот доколку ги следи стапките на својот татко и потпише за Јунајтед.

Од Манчестер веруваат дека можна е понуда на Реал да пристигне во Соединетите Американски држави, каде двата тима треба да одиграат пријателски натпревар. Јунјатед сака да го задржи шпанскиот голман, но ако Реал понуди 60 милиони неговиот пат ќе биде отворен.