Монако ја призна грешката: Анри заминува, а во клубот се враќа Жардим!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тјери Анри вчера беше суспендиран од клупата на Монако, а најверојатно ќе биде официјално отпуштен во текот на денешниот ден, па како негов наследник се споменува Леонардо Жардим.

Жардим четири одлични години помина на клупата на „кнезовите“ и ги одби сите понуди, кои ги доби за работа додека беше нивни тренер.

Анри на првата работа издржа само три месеци, а Монако под негово водство не ја подобри формата бидејќи на 20 натпревари запиша само пет победи, а не беше во добри односи ниту со фудбалерите.

Жардим ќе се врати на тренерската позиција, каде што работеше во претходните четири години и го освои првенството во 2017 година, а вкупно го водеше тимот на 232 натпревари и запиша 125 победи.

Сега ќе има шанса да почне од почеток, а клубот ќе се обиде до крајот на преодниот рок да ангажира засилувања, за да се спасат од испаѓање од француската Лига 1.