„Мораме да бидеме мотивирани како играчите на Челси“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед ќе проба во оваа сезона да дојде до трофеј во Европската лига, но мора да изборат полуфинале.

Манчестер одигра 1:1 во гости кај Андерлехт и утре ќе игра реванш на Олд Трафорд и Жозе Мурињо сака неговите играчи да дадат се од себе за полуфинале.

„Најважно е играчите да бидат мотивирани. Во клуб како Јунајтед кога играте Европска лига немате висока мотивација, но ова е април.

Во оваа фаза мораме да бидеме многу мотивирани. Покажавме во Брисел дека сме силна екипа, но мораме да бидеме мотивирани како Челси и тоа е најважно“, рече Мурињо.

Мурињо очекува од своите играчи сериозно да го сфатат утрешниот меч и негова цел е да се освои трофејот во Европската лига, и да се избори Лига на шампионите на тој начин.