„Мораме да веруваме и кога не ни оди!“

Играчот на Бостон, Бредли не го криеше незадоволството кон соиграчите по поразот од Чикаго во вториот натпревар.

Неговиот тим два пати по ред беше поразен на домашен терен, а серијата сега се сели во Чикаго.

„Погледнав неколку пати околу себе и момците ја држеа главата надолу. Тоа не смее да ни се случува. Како тим мора да останеме заедно. Другиот тим гледа како се однесуваме и тоа го користи.“

„Го слушнав Рондо како вели: Да, се откажаа. Тие се откажаа. Тоа не смее да се случува. Мора да останеме позитивни, да излеземе на теренот и да играме цврсто.“

Бекот на Бостон одигра 40 минути и за тоа време постигна 12 поени и по 3 скокови и 3 асистенции.

Третиот натпревар се игра во ноќта од петок кон сабота.