„Мораме да ја подобриме завршницата!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Конте изјави дека е задоволен со победата на својот тим против Вест ХЕм, но не и со фактот дека Челси примија гол во финишот на натпреварот.

Челси победи со 2:1 против Вест Хем со головите на Азар и Коста, а поразот го намали Ланцини во продолжението.

„Мислам дека одигравме добар натпревар. Контролиравме се. Штета што на крајот примивме гол. Па така лесно може да изгубиме бодови. Мораме да се поправиме во завршницата, но задоволен сум.“

„Покажавме концентрација, посветеност и желба за победа. Канте беше одличен во тимот, покриеваше многу, а се гледа дека напредувал. Мора да продолжиме во тој ритам. Најважно е да одмориме и да се подготвиме за натпреварот против Јунајтед во ФА купот.“