„Мората е ранлив од ментална страна, но напредува“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Челси, Маурицио Сари го изедначи рекордот на Франк Кларк, кој во 1994 година на клупата на Нотингем Форест успеа да остане непоразен во првите 11 лигашки натпревари веднаш по превземање на клубот.

Челси во првите 11 кола во Премиер лигата има осум победи и три ремија и се наоѓа на второто место со 27 бодови, два помалку од Сити.

Вчера Плавите го совладаа тимот на Кристал Палас со 3-1, со два гола на Алваро Мората, кој Сари после натпреварот го фалеше, но и го критикуваше истовремено.

„Мората треба да игра за тимот и да не размислува многу за голови. Головите се последица на тимската игра. Тој е многу млад, од ментална страна е ранлив, но напредува“, рече Сари и додаде;

„Во последниот месец дена навистина многу напредуваше и како личност и на полето на самодовербата, како и на техниката. Има одличен физички и технички потенцијал и мислам деја може да напредува уште повеќе и тоа многу брзо“.

Алваро Мората оваа сезона постигна пет голови во Премиер лигата од кои три на последните два натпревари.