Мохамед Салах го преспа мечот на Етихад


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах синоќа го одигра можеби најслабиот натпревар во Премиер лигата оваа сезона.

Во поразот на својот тим од Сити, Салах не само што не постигна гол, тој не запиша асистенција, немаше никаква шанса и убедливо имаше најмалку додавања од било кој играч кој го започна натпреврот.

Статистиката покажува дека Салах имал само 32 додавање, што е доказ дека дефанзивците на Сити одиграле одличен натпревар и во потполност го неутрализирале.

На Салах не му оди во прилог ни статистиката против најдобрите клубови во Премиер лигата. Во досегашните седум натпревари против ТОП 6 екипите во првенството, Салах има само еден гол и една асистенција, што е премалку за таков фудбалер.

Египќанецот покрај ова е втор стрелец во Премиер лигата со 13 голови, а пред него се само Кане и Обамејанг со 14.