„Мојот тим има квалитет да победи во дербито“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома играат против Лацио во 15-то коло од Серија А.

Дербито во Рим се игра од 15 часот, а тренерот на Рома, Спалети изјави дека комбинации не важат кога станува збор за дерби натпревар.

„Сакаме да играме добар фудбал и покажавме дека можеме. Инзаги со Лацио работи добро и сигурен сум дека тоа ќе биде добар натпревар. Се надевам дека навивачите ќе може да дојдат и да ни дадат поддршка.“

„Мојот тим има квалитет да победи. Салах и Флоренци нема да играат додека не се знае настапот и на Ел Шарави.“