Мурињо: Ги немаме Нистелрој, Кин, Видиќ, оставете не на мир


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Жозе Мурињо повторно требаше да се брани на прес конференцијата откако неговиот тим одигра нерешено (2-2) против Арсенал.

Манчестер Јунајтед за победа во Премиер лигата не знае повеќе од месец дена, но Мурињо порачува дека е задоволен од неговите момци, како се бореле за дресот. Исто така, спомена дека неговите одбрани играчи играа слабо, а тоа се чуствувало и имало паника секој пат кога Арсенал ќе дошол во нивната дефазивна третина.

„Одигравме 2-2. Како и секогаш правевме грешки и плативме за нив. Сепак, благодарејќи на тимскиот дух успеавме да се вратиме. Играчите игра до самите граници на нивните можности, иако знам дека се уморни. Покажавме душа и срце. Рашфорд на пример даде се за дресот. Но, дури и на клупата се чуствуваше паника кога Арсенал ќе дојде до нашата дефанзивна третина“, рече Мурињо, па им порача на новинарите да не го споредуваат овој Манчестер со оној во кој некогаш играа Нистелрој, Кин или Видиќ.

„Морам да кажам дека не се согласувам со луѓето кој пробуваат овој Манчестер да го споредат со оној во кој играа Кин, Нистелрој или Видиќ. Пуштете не на мир, дајте ни време. Задоволен сум со душа и срце, но уште не сме константни и обединети“, порача Жозе.

Да потсетиме, Јунајтед после синоќешното реми остана на 8. позиција со дури 18 бодови помалку од лидерот Манчестер Сити.