„Мурињо ги понижува играчите, а тоа ќе му се врати!“


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Мурињо зборува искрено за некои фудбалери.

Па така тој често ги критикуваше фудбалерите на Јунајтед, кои на различни начини го поднесуваат тоа. Некои по критиките започнаа да играат, а некои останаа на нивото на кое што беа и претходно.

Сепак, голем дел поранешни фудбалери не се сложуваат со неговите методи. Поранешниот напаѓач на Блекбурн и Селтик, Крис Сатон тврди дека Мурињо ги понижува фудбалерите.

„Сметам дека тој ги понижува фудбалерите на Јунајтед. Не можам да верувам дека може да ги критикува фудбалерите кои се повредени. Не им се потребни такви нешта на играчи кои трпат болки, а тој го прави тоа постојано.“

Мурињо оваа сезона најмногу го критикуваше Лук Шо.