Мурињо го „избрка„ Погба од Манчестер


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Пол Погба не е на располагање на Мурињо.

Погба се повреди во дуелот против Базел и ќе отсуствува од 4 до 6 недели.

Мурињо му рече да ги спакува своите работи и да се одмори 10 дена со цел да започне опоравувањето од повредата.

Практично, тој го избрка Погба од Манчестер на краток период а сигурно дека и нему ќе му дојде добро да паузира.

Во наредните денови официјално ќе биде потврдено колку Погба нема да го гледаме на терените, но сигурни сме дека неговото отсуство ќе влијае на теренот.