Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Тренерот на Миделсброу, Каранка смета дека Гвардиола не е најдобар тренер во светот, туку Мурињо.
Гвардиола и Мурињо оваа сезона стигнаа во Манчестер, еден во Јунајтед, а друг во Сити.
Каранка смета дека Јунајтед направи подобра работа затоа што го донесе Мурињо.
Каранка и Мурињо заедно соработуваа во Реал Мадрид.
„Пеп не е најдобар во светот. Најдобар е Мурињо. Тој го покажа тоа во Порто, Интер, Челси, Реал Мадрид и сега во Јунајтед. Тој беше најдобар во Ла Лига и уште е најдобар. Никогаш не сум работел со Пеп, но Мурињо оваа сезона започна со некои критики, а веќе освои 2 трофеи.“
„Мислам дека Пеп мора да ја освои ПЛ за да докаже дека е еден од најдобрите. Мислам дека оваа сезона мора да освои барем еден трофеј.“
Да потсетиме, Каранка денес ќе го води својот тим против Сити во ¼-финале на ФА купот.