Мурињо зема „дебели“ пари за својот отказ од Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо му наплати на Челси 13 милиони долари поради отказот.

Челси го отпушти Мурињо во 2015 година поради лошите резултати, две години пред да му заврши договорот. Тоа за Мурињо беше втор мандат во клубот, а отпуштен беше по лошиот старт по освојувањето на титулата.

Тој во првиот мандат од 2004-2007 година освои две ПЛ со Челси.

Освен Мурињо, Челси во 2016-та година имаше „посебни трошоци“ и поради раскинувањето на договорот со Адидас, а тоа го чинеше клубот дополнителни 100 милиони долари.

Сепак, Челси тоа го направи за да потпише договор со Најк вреден повеќе од милијарда долари.