Мурињо не е опција: Поранешниот негов клуб му затвори врата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можеби, повторуваме можеби, Мурињо би сакал да се врати во Мадрид, но очигледно во Реал не гледаат иднина со него на клупата.

Марка објави дека претседателот Перез веднаш ја отфрлил можноста за враќање на Мурињо, без обзир што и денес имаат многу добар однос.

Челниците на Реал и понатаму веруваат во Солари, мада е се поизвесно дека клубот на крајот од сезоната ќе бара друго решение.

Мурињо дефинитивно отпаѓа, па доколку има промени на клупата на Реал, Португалецот нема на што да се надева. Се пореална станува можноста за негово враќање во Интер, чии навивачи го обожуваат поради трократната круна која тимот ја освои со него.

Но, за Мурињо нема зима, неговата оштета за отказот е околу 30 милиони евра, а до летото сигурно ќе добие прилика да води некој тим, а не е исклучена и опцијата да превземе и некоја репрезентација, можеби Португалија.