Мурињо откри кои три екипи можат да ја освојат титулата во ЛШ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите менаџери на светот, Жозе Мурињо од неодамна е менаџер на Манчестер Јунајтед.

Португалецот јасно знае дека треба да го врати тимот на врвот во Англија, но исто така и во Европа.

По многу години, Португалецот нема да води тим во Лигата на Шампионите, а сега се обидува да го врати англискиот гигант во споменатото натпреварување и се да започне од почеток.

Неиграњето во најелитното натпреварување во Европа не го спречи Португалецот да прокоментира за оваа сезона во Лигата на Шампионите, која навистина е посиромашна поради отсуството на клубови како што се Милан, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Интер или Челси.

Мурињо во изјава за медиумите ги даде своите прогнози за крајниот резултат од ова натпреварување, односно која екипа ќе го подигне трофејот оваа сезона.

„Мислам дека главни конкуренти за освојување на титулата се Реал, Барселона и Баерн. Тоа се единствените екипи кои што можат да ја освојат Лигата на Шампионите повеќе пати по ред. Само таквиот исход не би ме изненадил, другото се би било сензација“, изјави Мурињо.

Потсетуваме дека никој откако Лигата на Шампионите го доби споменатото име не успеа да ја одбрани титулата, а последниот клуб кој ја одбрани во целата историја е Милан.