Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
ПСЖ е подготвен само за продажба на овој фудбалер, а Мурињо им нуди замена.
Според медиумите, ПСЖ е подготвен да се откаже од неколку фудбалери поради финансискиот фер-плеј, а на листата е Лукас Моура.
Меѓутоа, Јунајтед е подготвен во дел од трансферот да го понуди и Фелаини и да доплати за Бразилецот.
Фелаини не би имал ништо против да се пресели во Париз, затоа што кај Мурињо не е стандарден фудбалер во првиот тим.
Фелаини има договор до наредното лето и ова е последна шанса Јунајтед да извлече пари од неговото заминување.