До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Откако тренерот на најтрофејниот клуб во Англија, Жозе Мурињо потпиша нов повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“, Португалецот ја искористи шансата за да ги „боцне“ ривалите за трансфер сагата на поранешниот фудбалер на Арсенал, Алексис Санчез.
„Алексис ме потсетува малку на метафора кога ќе видиш дрво полно со прекрасни портокали, но не можете да ги земете. Си велиш дека ќе ги земеш овие што се пониско затоа што не ти се допаѓаат тие на врвот. Но всушност, ти се допаѓаат. Сепак си викаш дека не ги сакаш затоа што не можеш да стигнеш до нив. Не е вистина дека другите клубови не го донесоа поради тоа што немаа пари“, изјави 55-годишниот менаџер на Манчестер Јунајтед.









