„Мурињо се оддалечува од играчите кога нема резултати“

    Голманот на Челси Тибо Куртоа смета дека играчите на Манчестер Јунајтед можат да имаат проблем со менаџерот Жозе Мурињо.

    „Црвените ѓаволи“ се во серија од три порасзи, а тоа може да влијае на атмосферата во екипата, смета Белгијанецот.

    „Мурињо големо внимание посветува на тактичките аспекти, тој е победник. Обично е сосема близок со играчите. Меѓутоа, кога резултатите не ги исполнуваат очекувањата, како што тоа беше во Челси во претходната сезонам постои одредена оддалеченост меѓу него и играчот“, истакна Куртоа.

    Тој истакна пример Диего Симеоне, некогашниот негов тренер воф Атлетико Мадрид, како се однесува со играчите во тешките моменти.

    „Симеоне е секогаш вклучен во тимските работи. Неверојатно е коолку тој е во состојба да ги “натера“  играчите да играат до крајни граници“, рече Куртоа.