Мурињо смета дека трансферот на Нејмар засекогаш го промени трансфер маркетот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо вели дека трансферот на Нејмар во Пари Сен Жермен променил се во трансфер пазарот и смета дека Манчестер Јунајтед заштедил десетици милиони со тоа што ги комплетирал трансферите на Лукаку и Матиќ пред да се случи трансферот на Бразилецот.

Од редовите на ПСЖ го шокираа фудбалскиот свет минатиот месец откако се согласија да ја платат откупната клаузула за Нејмар во висина од 198 милиони фунти. Потоа Барселона потроши 97 милиони фунти за играчот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле, а истиот трансфер може да порасне и до 135 милиони фунти.

ПСЖ го договори и Килиан Мбапе за кого следната година треба да платат 166 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед потроши вкупно  146 милиони фунти за Линделоф, Лукаку и Матиќ, а Мурињо смета дека тие поминале добро во овој преоден рок.

„Мислам дека бевме многу паметни. Очекувавме дека нешто ќе се случи што ќе го промени трансфер пазарот засекогаш. Нормално, последните денови од трансфер пазарот се помалку скапи, но годинешниот трансфер на Нејмар промени се. Мислам дека Лукау на 31 август би чинел 150 милиони. Матиќ би чинел 60 или 70. Нејмар промени се. Ако најголемиот трансфер во историјата останеше Пол Погба мислам дека Кутињо сега ќе беше во Барселона за 100 милиони фунти“- коментираше Мурињо во интервју за „The Times“.

За потсетување Ливерпул одби астрономска понуда за услугите на Кутињо во висина од 140 милиони фунти.