Мурињо со еден потег повторно ги подгреа шпекулациите околу Погба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот интернационалец Пол Погба по успехот со Франција на Светското првенство во Русија треба да се врати на клупските подоготвки со Манчестер Јунајтед.

Во последно време се шпекулира дека тој можеби ќе си замине од Манчестер Јунајтед ова лето, а „масло на огнот“ додаде и Жозе Мурињо со неговата денешна изјава.

Имено, Мурињо потврди дека Валенсија ќе биде нов капитен на клубот следната сезона, а кога тој нема да игра него ќе го менуваат Мата, Ерера, Смолинг или Јанг, и никаде не го спомна Погба, иако минатата година во неколку наврати кажа дека Погба би бил можен прв капитен на клубот од следната сезона.

„Ако Валенсија игра тогаш тој ќе е капитен. Ако не, капитени може да бидат Смолинг, Јанг, Ерера и Мата“- коментираше Мурињо. Оваа вест ја пренесоа бројни медиуми кои пак меѓу редови прочитаа дека ова би можело да значи крај за Погба на „Олд Трафорд“.

Сепак, Џанлука Ди Марцио, италијанскиот новинар на „Скај Спорт“ истакна дека Французинот нема да мрда од Манчестер Јунајтед ова лето.