Мурињо фрли бело знаменце: Нема да има битка за првото место во групата, тоа е однапред калкулирано?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Португалецот не сака да го брка првото место во групата, со оглед на тоа дека Манчестер Јунајтед во недела го очекува жесток дуел против Ливерпул во Премиер лигата.

Дали Жозе Мурињо се откажа од битката со Јувентус за првото место во групата Х? Рака на срце, тешко е да се помисли дека „Старата дама“ ќе ремизира со Јанг Бојс во Берн, или дури и да загуби, но додека постои шанса зошто да не се бори во најсилен состав на мегдан против Валенсија која секако нема шанси за минување, со оглед на тоа дека е на третото место.

Очигледно на Португалецот му е многу поважен дуелот со Ливерпул, па на „Месталја“ ќе изнесе комбиниран состав. Веста која најмногу всушност привлекува внимание е враќањето на Пол Погба, во соблекувалната на Јунајтед, во стартната постава по два меча.

Исто така од првата минута на теренот би требало да се најдат Андреас Переира и Скот Мектоминеј, додека наместо Давид Де Геа помеѓу стативите ќе застане Серхио Ромеро. Во конкуренција се двајца 17-годишни фудбалери, напаѓачот Мејсон Гринвуд и задниот играч за врска Џејмс Гернер.

Вечерашниот дуел помеѓу Јунајтед и Валенсија ќе биде осмиот во ЛШ, а составот од Манчестер досега не изгубил ниту еден меч (две победи и пет ремија). Ако „Црвените ѓаволи“ и вечерва одиграат без голови со Валенсија, тоа ќе биде првпат уште од сезоната 2008/09 против еден тим да не ја затресат мрежата ниту доман ниту на гости. Интересно е што Мурињо по минималецот против Јанг Бојс, им се доближи на Карло Анчелоти и Алекс Фергусон по бројот на победи со 1:0 во Лигата на шампионите. Мурињо моментално е на 17, додека Фергусон има 21, а Анчелоти 24.