„Му ветив на Венгер дека ќе го викнам кога ќе заминувам од Мадрид!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нови детали од автобиографијата на Месут Озил.

Полека се откриваат нови детали од животот на Озил. Германските медиуми темелно ја поминаа неговата автобиографија и секој ден донесуваат интересни работи. Во четвртокот се зборуваше за влијанието на Мурињо и неговите лекции, а денес за тоа кој е виновен што тој не е повеќе во Реал.

За почеток како дошло до разделба со Реал и кој е виновен?

„Мојот татко Мустава не е совршен. Но неговите преговори со Перез беа добри. Тој сакаше да биде Реал фер кон мене, а тие тоа не го направија. Мојот татко мислеше дека може се сам, без помош на агентот, но немаше доволно искуство во преговорите со големи клубови. Не знаеше да се бори со притисокот.“

А потоа за самите разговори со Перез.

„Неговиот став кон Перез, човек кој од своите играчи бара да играат по вода, не беше добар. Почувствував дека кариерата ми е загрозена. Паднав во милост и немилост на клубот, иако ништо не направив. Морав нешто да направам за тоа прашање.“

Така дојде до повик кој смени се. На другата страна беше Венгер.

„Бројот на Венгер го имав од 2010 година и му ветив дека ќе му се јавам во момент кога ќе одлучам да заминам.“

Таквиот потег го разбесне Мустафа, со кој Месут подоцна ја прекина работната, а на кратко и семејната врска.

„Татко ми беше многу бесен и навреден. Толку што сакаше поради одмазда да го избрише мојот профил на Твитер и така да ја избрише милионската база на фанови. Мојата разделба со него не беше пријателска.“

На крајот, Озил тврди дека му е жал што не е во Реал.

„Мурињо од Реал замина во 2013 година, а отприлика во тоа време заврши мојата улога во Реал, а не требаше да биде така. Имаше многу приказни за тоа каде ќе одам. Заминувањето од Реал беше најтешката одлука која ја донесов во животот. Сакав да ја освојам ЛШ со Реал, а не можев да прифатам дека дојде крајот.“

Книгата на Озил ќе излезе во продажба на 16-ти март.