Навас се налути: Откриено каде сака да се пресели искусниот голман!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас, од пристигнувањето на тренерот Сантијаго Солари повеќе не брани на натпреварите.

Овој 31-годишен голман од Костарика освои со Реал Мадрид три титули по ред во Лигата на шампиони, но годинава по доаѓањето на Тибо Куртоа, падна во втор план.

„Кралевите“ ќе имаат и добра резервна опција доколку се случи Навас да замине, младиот Лунин во моментов е на позајмица во Леганес и кога ќе се врати ќе биде во конкуренција за првиот тим.

Навас во претходните денови кажа дека не е задоволен на „Сантијаго бернабеу“, па најави дека ќе замине од екипата.

„АС“ денеска пишува дека сака да се пресели во Премиерлигата, односно таа му е најинтересна дестинација во моментов.