Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доменико Берарди го обожава Интер но не е сигурен дека би можел кариерата да ја продолжи таму.
Берарди кој со Сасуоло денеска победи над Интер со 2:1 веќе долго време се поврзува во Интер но тој засега не дава знаци дека сака да замине таму.
„Мојот татко е луд за Интер, но мојата мајка за Јувентус. Како дете го сакав Роналдо, и Милито. Вечерта кога Интер освои ЛШ во Мадрид со пријателите го славев тоа. Секое дете носи некој клуб во срцето, зарем не?“ – вели Берарди.
„Беше познато дека навивам за Интер и пред да ме поврзуваат со клубот. Прочитав дека ме следат, но не сакам да зборувам за тоа“ – додаде Берарди.