Навивачите на Барселона во шок: Веќе се знае кој ќе биде наследник, доколку Валверде добие отказ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона уште еднаш киксираа минатиот викенд на домашен терен и одиграа само 1:1 против Атлетик Билбао.

Каталонскиот клуб одамна не бил во поголема криза што се однесува на домашното првенство бидејќи веќе три кола се без победа. Барса на домашен тренер ремизира против Жирона и Атлетик Билбао, а помеѓу тие натпревари доживеаа изненадувачки пораз од Леганес.

Во шпанските медиуми веќе се шпекулира дека челниците на Барселона не се задоволни како Ернесто Валверде ја работи својата работа, односно неговите чести промени во составот. Велверде и понатаму има подршка од клубот, но јасно е дека би можел да добие отказ доколку продолжи кризата на каталонскиот клуб.

РАЦ1 денес објави дека Барселона веќе се спрема да реагира во случај Валверде да добие отказ, односно тие веќе имаат спремено замена. Наводно, Барса е во контакт со поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер и веруваат дека тој може да го врати фубалот на Камп Ноу.

Исто така она што најмногу ги шокира навивачите се наводните информации дека во игра е и Жозе Мурињо кој не е баш во добри односи со клубот во кој некогаш работеше како помошник. Сепак Валверде и понатаму има се во свои раце, а дали Барса ќе треба да бара нов тренер ќе видиме во следниот период.