Навивачите на Барселона „удрија“ по Реал Мадрид таму каде што најмногу ги боли! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа славеа против Реал Мадрид на „Сантијаго бернабеу“ во полуфиналето од шпанскиот Куп со убедливи 3-0.

На теренот беа забележани многу возбудувања, но нешто слично се случуваше и на трибините, каде што навивачите знаат да бидат во центар на внимание.

Ел Класико е повеќе од обично дерби, а навивачите често користат шанса да се провоцираат меѓу себе. Такво нешто направија Каталонците кои го „пецнаа“ ривалот таму каде што најмногу ги боли.

Група на навивачи на Барселона испрати провокативна порака до „кралевите“ со зборовите „Каде ви е Кристијано Роналдо?“, а притоа мислеа на заминувањето на поранешната најголема ѕвезда на Реал минатото лето.