Навивачите не простуваат: Кепа е „непрофесионално копиле“ и има нов профил на „Википедија“! (ФОТО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот голман Кепа Аризабалага доби „нов“ профил на „Википедија“ по мечот меѓу Челси и Манчестер сити во Карабао-купот, кој го добија „граѓаните“ со 4-3 на пенали.

Тренерот Маурицио Сари на теренот сакаше да го испрати Вили Кабалјеро наместо Кепа, но Шпанецот не сакаше да го напушти теренот и кажа дека не е повреден. Тоа го налути италијанскиот стратег, кој ја скина тренерката од нервоза.

По мечот Кепа доби „нов“ профил на „Википедија“, па троловите решија да му сменат неколку детали во неговата биографија, па на местото каде што пишува на која позиција игра, тие напишаа – тренер/фудбалер.

Во долниот дел, каде што се наоѓа дресот на Кепа, освен бројот 1, пишува дека тој бил менаџер на Челси во финалето на Карабао-купот во 2019 година.

Исто така, фановите се налутија ептен, па додадоа во неговиот профил дека е „непрофесионално копиле“, но тоа беше за кратко поправено на „Википедија“.