Навивачот кој го нападна Грилиш доби ригорозна казна: Ќе оди во затвор и ќе мора да му плати на фудбалерот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


27 годишното момче што го нападна Џек Грилиш на натпреварот помеѓу Бирмингем и Астон Вила доби ригорозна казна од англиските власти.

Пол Мичел кој во моментов е без работа и е татко на едно дете ќе мора да помине 14 недели во затвор и ќе мора да му плати на Грилиш 100 фунти затоа што намерно го удрил.

Бесните фанови на Астон Вила пак му се заканувале со смрт него и на неговата сопруга која е бремена со второто дете.

Мичел 20 години е верен фан на Бирмингем, а од клубот доби забрана за посетување на домашните натпревари во следните десет години.