Надал ги смири навивачите пред Австралија Опен: Веќе за пет дена би требало да бидам 100% спремен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги израдува своите фанови со порака дека веројатно ќе биде сремен за Австралија Опен.

Да потсетиме, Надал го нема на терените од УС Опен, односно од септември месец, а неодамна го откажа и настапот на АТП турнирот во Бризбејн поради повреда.

„Во прашање е ситна повреда, но може да стане крупна, бидејќи оптеретувањето на мускулите е сериозна работа. Кога ќе го зголемите интензитетот на работата, постои огромен ризик да направите нешто полошо. Во принцип, се чуствувам многу подобро отколку пред четири дена. Можеби за пет дена ќе бидам 100% спремен“, изјави Шпанецот.

Исто така додаде ека би сакал да го освои Австралија Опен.

„ Се надевам дека повторно ќе го освојам Австралија Опен. Тоа се надежи и секогаш се исти. Во моменталната ситуација не можам да кажам што е реалност. Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Имам добро претчуство“, рече Надал.

Да потсетиме, првиот Гренд Слем во сезоната почнува на 14. јануари и ќе трае до 27.