Надал испушти триумф во Акапулко, Кирјос повторно направи драма (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ник Кирјос и Рафаел Надал одиграа одличен меч во Акапулко, каде што беше жешко и на трибините и на теренот, а австралискиот тенисер на крајот славеше со пресврт со 3-6, 7-6 и 7-6.

Надал го доби првиот сет со 6-3, па Кирјос побара медицинска помош затоа што имаше болки и дури размислуваше да се предаде, но сепак успеа да собере сила и да направи пресврт.

Надал во третиот сет, поточно во тај-брејкот, имаше три меч-топки при резултат 6-3, но Кирјос успеа да се одбрани и потоа со пресврт да слави со 8-6.

Сепак, тоа не помина без инцидент, зашто Кирјос веднаш ги испровоцира навивачите на Надал и тоа дефинитивно не му се допадна на Надал, чиј израз на лицето го покажа тоа.

„Кирјос има голем талент и треба да се бори за грен-слем трофеи, но тој не почитува никого. Ниту публиката, ниту своите ривали, ниту себеси“, вели Надал.