Надал лесно против Поспил, понатаму одат Дел Потро, Андерсон, Лајовиќ, Шаповалов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Надал се пласираше во третиот круг на УС опен и тоа по победата над Канаѓанецот Васек Поспил со 3-0 во сетови.

Надал беше голем фаворит во овој меч, а таа улога ја оправда без проблеми.

Бранителот на титулата од минатата година првиот сет го доби со 6-3, за подоцна да слави со 6-4 и 6-2.

Освен него, понатаму помина Дел Потро, Кевин Андерсон, Душан Лајовиќ како и Денис Шаповалов.