Надал: Се надевам дека ќе можам да играм уште подобро во иднина (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанецот Рафаел Надал се очекува во финалето на Австралијан опен да има состанок со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Вториот тенисер во светот во полуфиналето на турнирот во Мелбурн го совлада Стефанос Циципас со 6-2, 6-4 и 6-0 за само еден час и 46 минути.

„Се надевам дека можам да играм уште подобро во иднина. Ова беше добар натпревар и добар турнир. Овој терен и навивачи ми дадоа неверојатна енергија. Тоа што сум петти пат во финалето е голем успех за мене. Пред неколку недели во Бризбејн морав да се откажам затоа што не можев да играм, беше тешко да се замисли дека ќе стигнам до оваа фаза“, кажа Надал.

Во второто полуфинале, во петок, играат Ѓоковиќ и Лука Пуј, па се очекува во големото финале да се пласира Србинот, кој е голем фаворит во дуелот.