Надежта последна умира: Играчот на Чапекоенсе почна да оди!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога на Нето му се поправи ситуацијата, му ја кажаа вистината, а тој беше емотивно скршен. Болните денови се очигледно зад него.

Во несреќата починаа 71 лице, а меѓу нив скоро цел тим на Чапекоенсе кој  патуваше во финалето на Копа Судамерикана.

Нето некое време беше во кома, а кога се разбуди ја праша лекарката како поминале во финалето. Тогаш сеуште не знаеше дека ја преживеал несреќата и дека скоро сите соиграчи му се починати.

Се појави видео во кое тој прв пат оди без помошни средства.  А најави и дека ќе се врати на теренот.

„Повторно ќе играм! Повторно ќе ме видите во дресот на Чапекоенсе.“

Видеото може да го погледнете подолу.