„Наполи е се поблиску до Скудето“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње верува дека неговиот тим е се поблиску до Скудетото.

„Сите ние овде во Наполи, сакаме да освоиме нешто важно“.

Наполитанците минатата сезона завршија како третопласирани, но дефинитивно беа најдобриот тим ако се земе во предвид вториот дел од сезоната, а целиот играчки состав направил пакт да останат заедно оваа лето и сериозно да ја нападнат титулата во Серија А.

„Сите велат дека Наполи го игра најдобриот фудбал во Италија и ние сме горди на тоа, но време е да освоиме нешто важно, нешто големо.“ -изјави играчот и додаде:

„Дали сме спремни за Скудето? Покажавме дека сме минатата сезона, завршивме само еден чекор позади Рома и пет поени позади шампионот, тоа доволно зборува. Да не ги загубевме лесно поените со Палермо и Сасуоло можеби друга ќе беше приказната, но тоа е што е“. – Рече играчот за Газета Дело Спорт.

Потоа Лоренцо беше запрашан дали би се тетовирал ако неговиот тим освои Скудетото, на што тој одговори: „Наполи чека многу време за титула, а јас сум спремен да направам тетоважа… мојот грб сеуште е слободен.“ – низ смеа рече напаѓачот на Наполи Лоренцо Инсиње.